ВИДЕО: ДУИ блиску до одлука да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Демократската Унија за интеграција на состанокот на централното претседателство гласа за одлуката да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

Неофицијално, како што дознава А1он, договорено е јазиците да се решат со закон, а да има дополнителни договори за СЈО. Според извори од ДУИ, Груевски се согласил албанскиот јазик да биде употребуван на сите нивоа во администрацијата.

Али Ахмети тврдеше дека без прифаќање на платформата нема шанси да коалицира со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и без согласност за продолжување на мандатот на СЈО.

Исто така, гласни се и шпекулациите дека дел од пратениците на ДУИ ќе ја напуштат партијата со цел старите коалициони партнери да не формираат Влада.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат