ВИДЕО: ДУИ бара партиите да се финансираат од буџетот

Од:

Демократската унија за интеграција бара финансирање на партиите од буџетот.

„Не сме задоволни од постоечкиот закон за финансирање партии, бараме законско решение преку кое партиите ќе се финансираат од буџетот, тоа е постабилно и е начин на превенција од корупција“, порача пратеникот на ДУИ, Артан Груби на ркалезна маса за Подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија, во организација на Националниот демократски институт (НДИ), во соработка со Транспаренси Интернешнл Македонија.

„Сметаме дека ова прашање треба да се уреди преку буџетот, тоа ќе даде придонесе во транспарентноста, а се залагаме и за надзор како се трошат парите на граѓаните од партиите. Дали според мандати или според гласови освоеи на парламентарните избори да се издвојуваат средствата. На овој начин ќе се среди оваа сива зона во финансирање на партиите“, рече Груби.

Тој се осврна и на изборот на новата Државна изборна комисија и апелира тоа да се случи час поскоро за да се продолжи со обврските кои следуваат за референдумот.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата