(ВИДЕО) Дугин: Русија не врши притисок врз македонската и балканската политика

Од:

Русија не врши никаков притисок врз македонската и балканската политика. Сакаме тоа да го прават и другите земји. Ако вие мислите дека вашата земја треба да се вика Република Македонија тоа е ваше право, тоа е вашето име и вашиот идентитет, порача рускиот филозоф и ултранационалист Александар Дугин кој денеска е во Скопје.

Како што рече тој, политичката судбина на еден народ треба да ја решава самиот народ.

„Русија смета дека најголем принцип е принципот на суверенитет. Никој нема право да принуди една земја да стапи во еден сојуз или да не стапува во тој сојуз. Прашањето за влезот во ЕУ и НАТО или во Евроазискиот сојуз кај нас треба да биде слободно право на избор на еден народ“, рече Дугин и додаде дека никој нема право да влијае на мислењето и на позицијата на народот.

Дугин е еден од говорниците на панел дискусијата „Република Македонија во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“ во организација на партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија.

В.М.

Би можело да ве интересира

Нова ера на оружје: Руска ракета што не познава ограничувања на дострелот

Дуров: Рускиот обид за блокирање на VPN-мрежите предизвика колапс на платниот систем

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“