(ВИДЕО) Државата да прогласи мораториум за да се спречат градби како онаа кај „Мајчин дом“, бара архитектката Раѓеновиќ – Јовановиќ

Од:

Единствена можност да сопре изградбата на згради како онаа кај „Мајчин дом“ е државата да прогласи мораториум и да се направи ревизија на сите урбанистички планови, смета архитектката Сања Раѓеновиќ – Јовановиќ. Таа вели дека во овие услови не постои никаква законска можност да сопре изградбата на деветкатницата кај „Мајчин дом“.

„Урбанизмот е направен во ноември 2016 година, усвоен е од Советот на Општината, значи ги поминал сите процедури. Инвеститорот со полно право, врз основа на документ издаден од државата, гради објект за кој што добил дозвола за градење. Единствен начин на кој што може да се спречи лошото урбанистичко планирање сметам дека е начинот на кој што се справува Општина Центар, со мораториуми. Тоа е многу тешка одлука. Многу луѓе говорат и дека не е правно издржана. Од Општина Центар велат дека тоа е политичка одлука. Вакви ситуации имаме насекаде и сметам дека државата е таа која што мора да застане и да каже стоп, а не градоначалниците тоа да го прават сами“ вели архитектката Раѓеновиќ – Јовановиќ.

За надминување на состојбите таа смета дека е неопходен нов Генерален урбанистички план за Град Скопје од каде што всушност почна проблемот, да се изработат нови правилници за урбанизам, нов закон за просторно и урбанистичко планирање, да се направи ревизија и евалуација на сите досегашни ДУП – ови и да се направат нови ДУП – ови но не со истите луѓе што ги правеле досега и не со истите планери и раководители во општините кои што досега ги одобрувале и врз основа на нив давале одобренија за градење.

Раѓеновиќ – Јовановиќ предупредува дека кај деветкатницата не е проблем само уништувањето на зеленилото и сечата на дрвјата, туку и сообраќајниот пристап, посебно откако државата реши на местото на „Мајчин дом“ да се изгради нова градска болница.

И покрај противењето на жителите на Аеродром и петициите против овој објект, на парцелата за деветкатницата се прават подготовки за градење. Градоначалникот Златко Марин, кому борбата против овој објект му беше главен адут во изборната кампања, денес соопшти дека нема можност да ја сопре изградбата, но и покрај тоа не чувствува потреба да поднесе оставка. Од синоќа на социјалните мрежи, жителите на Аеродром се помасовно бараат оставка од него оти ги изневерил очекувањата, а за попладнево е најавен и протест.

Би можело да ве интересира

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

Врховен потврди: Зградата на ССМ е одземена по пресуда во корист на државата

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски на страната на синдикатот: „Да им се врати зградата на ССМ“

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Се урна зграда во Русија, има мртви и исчезнати

Горан Наумовски

Општина Карпош не се откажува од постапката да се изгради 12-катница кај Кино Влае

Орце Костов