ВИДЕО: Дрисла не го прима ѓубрето што го собираа скопските општини

Од:

Градоначалниците на Аеродром и на Кисела Вода, Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски пред Дрисла интервенираат депонијата да го прими ѓубрето што тие саморганизирано го собираа вечерва низ скопските општини.

„Ние имаме договор со „Дрисла“ и секој месец плаќаме на „Дрисла“. Не може Општина Кисела вода да тоне во ѓубре, Аеродром тоне во ѓубре, сите општини се хаос. Кога не сака да сервисира Град Скопје мораме ние да си ги исчистиме“, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода пред Депонијата „Дрисла“.

Ѓорѓиевски додаде дека мора да се ослободи да влезат луѓето. Не може цела вечер камионите да се држат и луѓето да седат пред капија.

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски се надоврза и истакна дека мора да се пуштат камионите, бидејќи е здравствени ризик.

Ѓорѓиевски посочи дека стигаат и други камиони, и да не се доведат во ситуација да треба пред „Дрисла“ да го одлагаат отпадот.

Јас апелирам до надлежните во Дрисла да не го попречуваат одлагањето на сметот, бидејќи соодветно на тоа, тие треба да го прифатат истиот и да си испорачаат фактура до општините. И од она кое што јас го знам, општините се подготвени тоа да го платат, тој трошок да го сносат иако тие не се надлежни за тоа, надлежно ЈП „Комунална хигиена“, но во интерес на скопјани, во интерес на сето она кое што се случува, општините иако немаат надлежност, сакаат да помогнат во оваа ситуација и надминување на оваа состојба во која што се, за жал, доведе градот Скопје, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски се надева дека во текот на вечерта ќе бидат надминати овие проблеми и дека веќе од утре скопјани ќе може да добијат таа услуга.

Би можело да ве интересира

Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц, бара Левица

Катерина Ѓуровски

Левица: ​​Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува

Муцунски: Нема индивидуални исклучоци, разговараме за полесен влез во ЕУ

Ѓорѓиевски: Се довршува булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево, Зелениково, Студеничани

А1он

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Муцунски за „Евроњуз“: Не сме проевропска држава само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме