(ВИДЕО) Драматични сцени од Кочани, се гасне со кофи: Срамота е ова, ќе испогори цел град

Од:

„Куќата ќе се запали, градот ќе се запали, ало“, вакви драматични сцени се случуваат во Кочани од попладнево, кога пожарот неконтролирано се прошири и зафати неколку куќи. На видеото кое е објавено на социјалните мрежи од жителите, се слуша како тие молат за итна помош. 

Жителите на Кочани со кофи вода и со лопати се мобилизираат и во темниците се обидуваат да си ги спасат куќите. Тие се обидуваат, фрлајќи земја, да го запрат огнот пред да ги зафати нивните домови. Вода носат со буриња, па ја посипуваат по огновите.

„Ова гори три саати. Сега е осум и пол. Да немаат два хелихоптери да пуштат? Срамота е ова, ќе испогори цел град!“ велат изреволтирани жители. Пожарот се шири и кон индустриската зона на Кочани каде се лоцирани повеќе складови на фирми. Таму патролира и полицијата, а на пат е и Армијата. Пожарот во Кочани претставува опасност за склад на бензиските „Макпетрол“. Ова го објави Центарот за управување со кризи, од каде известија дека огнената стихија не е ставена под контрола. Оттаму додаваат и дека постоечките екипи за гаснење на пожарот не се доволни и се бара дополнителни.

„Не знаеме од каде ќе избувне, но ја смируваме ситуацијата“. Вака градоначалникот Николчо Илијев ја опишува ситуацијата во Кочани, по страотниот пожар кој го зафати градот. Тој потврди дека зафатени се повеќе куќи, но не сакаше да коментира дали меѓу нив е и неговата, потенцирајќи дека тоа сега е најмалку важно. За гаснење на пожарите ќе се вклучат и противпожарни единици од соседни општини.

Претседателот на државата Стево Пендаровски преку статус на Фејсбук информираше дека хеликоптерите на армијата немаат можност да летаат во ноќни услови и дека гаснењето ќе продолжи во раните утрински часови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски