ВИДЕО: Донација од Македонците во Австралија за Струмичката болница

Од:

Болнички кревети со електронска команда, ортопедски помагала, електронски скутери и колички, душеци и перници за болнички кревети донираа Македонците од Австралија за Струмичката болница.

– Овој хуман дар од нашинците од Австралија доаѓа во вистинско време и ќе биде од голема помош за пациентите, но и за нормалното работење на персоналот. Значително ќе се подобрат општите услови за работа и заздравување на болните, рече директорката на Болницата Анкица Андонова по приемот на донацијата.

Според претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Струмица Зоран Пакетов кој ја нагласи соработката на партијата со нејзините комитети во Австралија, оваа донација ја продлабочува врската меѓу нашинците во Австралија и тука, во Македонија.

– Горди сме што благородната идеја на нашиот сограѓанин Орце Николов и хуманоста на членовите од здруженијата „Надеж“ и „Александар Турунџе“ има успешен крај. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи со цел подобрување на условите за живот на нашите во родниот крај, истакна Никола Ставревски, претставник на Македонците од Австралија.

Фото/Видео: Струмица Нет

Би можело да ве интересира

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски