Под насловот „Злоупотреба на моќ“ излезе документарниот филм за полициската бруталност! Да не се заборави случајот со Мартин Нешковски, а и останатите примери на злоупотреба на моќта. Автор на филмот е Мери Јордановска, новинар во „Фокус“, а продуцент е Борјан Јовановски.
Во документарниот филм говорат Александар Нешкоски, брат на Мартин, Кирил Ефремовски, Фросина Ременски, народниот правобранител, Маргарита Цаца Николовска.
Портпаролот на МВР Иво Котевки и министерката Гордана Јанкулоска одбиле да дадат изјава пред камера и испратиле само писмен одговор.