(ВИДЕО) Договор за „црниот понеделник“ се уште нема

Од:

Помина рокот Комисијата за расветлување на настаните на 24. декември да излезе со заеднички извештај.

По целодневна расправа за настаните што се случија на 24 декември минатата година, комисијата задолжена да ги расветли овие прашања не донесе никаква одлука, ниту пак потпиша нешто.

Претседателот во оставка, Борче Давитковски кажа дека за некои прашања се уште нема консензус.

„И покрај многу напори, останаа неколку отворени прашања. Сега се отворени сите опции, се надевам дека ќе најдеме сили да ја решиме оваа работа. Средба со лидерите на партиите најверојатно ќе нема, ќе се обидеме во полн состав на комисијата да ги решиме спорните прашања“, изјави Давитковски.

Проблем се дијаметрално спротивставените ставови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за исфрлањето на новинарите од собраниската сала. Според ВМРО-ДПМНЕ со тоа, не биле прекршени нивните уставни права, а СДСМ инсистира дека со исфрлањето на новинарите е повреден Уставот.

Претходно бил усогласен ставот дека исфрлањето на пратениците од Собранието бил прекршен Уставот.

А1он, потсетува што се случуваше и како беа исфрлени новинарите од собраниската галерија.

Би можело да ве интересира

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја ќе се знае од крајот на април: Комисијата се уште не закажува наддавање

Орце Костов

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка проследен на натамошна собраниска постапка

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

ЕК бара објаснувања од поранешната потпретседателка на институцијата Нели Крус поради „Досиејата Убер“