(ВИДЕО) Додевски: ООН препозна дека Македонија прави позитивни промени за остварување на правата на лицата со попреченост

Од:

Претседателот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Владата на Република Македонија, Спасе Додевски, информираше дека ова тело подготви акционен план за 2019 година со точно дефинирани мерки и активности, кои ќе ја забрзаат имплементацијата на Конвенцијата на ООН.

Тој истакна дека акциониот план е подготвен во соработка со организациите на лица со попреченост и дека двајца од членовите на Националното координативно тело се токму претставници на граѓанските здруженија.

„Владата одлучно и посветено останува и продолжува на определбите за унапредување на животот и развојот на лицата со попреченост, како и создавање услови за достоинствено нивно социјално и општествено вклучување на принципите на еднаквоста и недискриминацијата.

За таа цел, Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост на денешната одржана седница, меѓу другото, одлучуваше и за можностите за директно имплементирање на препораките од Комитетот на ООН за правата на лицата со попреченост, според начелата на Конвенцијата.

Имено, после учеството на македонската делегација на 20-та Сесија на Комитетот на ООН за правата на лицата со попреченост, од 9 до 11 септември 2018 година, на која се објаснуваше и дискутираше по иницијалниот извештај на Република Македонија, за досега преземените активности, Комитетот ни ги достави заклучоците и препораките според кои треба државата да се движи кон имплементацијата на Конвенцијата“ истакна Додевски.

Тој порача дека на 20-та Сесија во Женева било потенцирано дека со промената на политичката гарнитура на власт во Република Македонија, евидентирани се крупни позитивни придвижувања кон остварување на правата на лицата со попреченост, посебно во делот на усогласување на националните механизми со членот 33 од Конвенцијата, деинституционализација на децата со попреченост, усогласување на анти – дискриминаторските политики, формирањето на Национално Координативно тело за имплементација на Конвенцијата во рамки на Владата на Република Македонија и во однос на други преземени мерки.

Со добивањето на овие препораки, рече Додевски, Република Македонија конечно доби јасен и отворен патоказ кон постапките кои треба да ги преземе кон постигнување на еднаквоста и унапредување на животот на оваа група граѓани.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада