(ВИДЕО) Димовски: Следува комплициран избор на антикорупциска комисија

Од:

Конкурсот за избор на членови на Антикорупциската комисија објавен во октомври денеска беше поништен за да може да се објави нов оглас согласно новодонесениот закон за спречување корупција и судир на интереси. Претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски рече дека со новиот закон ќе биде покомплициран изборот на антикорупционерите.

-Новата процедура за избор на членови ќе биде покомплицирана, затоа што ќе треба да имаме јасно пропишани критериуми од страна на претседателот на Собранието и јасно пропишани рокови кои заради одржување на претседателските избори ќе бидат прилично стеснети. Ќе треба оваа наша Комисија за избори и именувања да состави комисија за селекција која ќе биде составена од седум члена – двајца од власта, двајца од опозицијата, двајца претствнници од телата за соработка помеѓу Владата со здруженија и со фондациите и со граѓанскиот сектор и еден по предлог на Народниот правобранител, рече Димовски.

Димовски додаде дека прв пат се предвидуваат јавни интервјуа со претставници од МАНУ, од Интерпарламнетарна унија, здруженија на граѓани кои ќе се пријават да бидат дел од процесот на јавни интервјуа со интервјуирање на пријавени кандидати на огласот.

На поништениот оглас биле пријавени 39 кандидати за членови во Антикорупциска, а новиот оглас треба да го објави претседателот на Собранието, по објавувањето на Законот во Службен весник.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител