(ВИДЕО) Димовски: Не ме чуди ако предлог текстот за ЈО некој се осмели да го фалсификува

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски изјави дека владејачкото мнозинство се обидува да го забрза носењето на законот за Јавното Обвинителство бидејќи, како што рече, некому му гори под нозете.

„На некој му се брза да се донесе закон за два дена, па ние затоа се соочуваме со ова правно лудило на кое треба да му се стави крај.

Не знам дали треба да чекаме до 3 часот сабајле да почне оваа седница и кога граѓаните се изморени и исцрпени да им го протнеме законот.

Законот е пристигнат уште во 9 часот изутрина и веќе поминаа 10 часа што е повеќе од доволно да се почне процедурата“, вели Димовски.

ВМРО-ДПМНЕ нема официјални информации која е причината за доцнењето на седницата, но неофицијално, како што рече Димовски, тековно се предлагаат некакви измени.

„Се знае процедурата, освен со поднесување на амандмани законот може да претрпи измени.

Или пак предлагачот може да си го повлече законот и да изготви нова верзија која ќе ја достави до Собранието.

Но, нема да бидам изненаден доколку владејачкото мнозинство се дрзне да направи фалсификат, при што ќе бидат прекршени сите правни и деловнички процедури“, изјави Димовски.

Тој нагласи дека според изјави на пратениците, текстот на законот што е даден во Собранието не ист со усогласениот закон на седницата на Владата, но, како што рече, кога официјално ќе го добијат ќе видат дали станува збор за тој закон.

На прашањето дали претседателот на СДСМ, Зоран Заев, бил во Собранието и во кое својство, Димовски рече дека нема биде изненаден доколку тука да биде присутна половина Влада, затоа што намерата е под притисок и на брзина да се донесе законот.

Седницата за Законот за Јавното обвинителство беше закажана за во 17 часот.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела