(ВИДЕО) Димовски до Хан: Македонија е исфрустрирана, очекуваме датум за почеток на преговори

Од:

Причина за политичките проблеми во Македонија е застојот на патот кон ЕУ, му порача пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на денешната седница во Собрание.

Димовски му предочи на комесарот дека Македонија е најпрепорачуваната земја за членство во Европска унија.

-Не очекуваме само препорака, туку и датум за почеток на преговорите после сите активности што ги направивме во последната и минатите години. Непостапувањето и невлегувањето на Република Македонија, ќе значи дополнитено влошување и дополнителен раст на нервозата која и онака постои меѓу политичките партии и меѓу граѓаните. Таквата нервоза стана фрустрација, а таквите фрустрации ни создадоа огромни политички проблеми – рече Димовски.

Тој истакна дека е неопходно да се спроведе договорот од Пржино онака како што е потпишан и да се почитуваат роковите.

Во врска со бегалската криза, Димовски рече дека граѓаните стануваат се позагрижени за напливот на мигранти на македонските граници и му порача на комесарот, Европската унија да му пристапи сериозно на проблемот.

-Она што се случува последните денови на границата почнува да зазема размери за кои нашите бирачи имаат право да се чувствуваа загрижено.

Само во петокт во Македонија влегоа 11.439 мигранти. Се додека транзитот на тие мигранти функционира, Македонија ќе вложува средства тоа да биде хумано. Она што ги плаши граѓаните е затворање на границите на северните држави. Се надеваме ЕУ ќе најде капацитет да го реши проблемот, за да не стане локален проблем на неколку најслаби држави во Европа – рече тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити

Медиуми: Домаќинствата во земјите од ЕУ се предупредени да подготват пакети за преживување

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ