(ВИДЕО) Димитровски: Причините за притвор на Кежаровски се неоправдани

Од:

И покрај укажувањето на новинарите дека причините за притворот на новинарот Кежаровски се неоправдани и побараа домашен притвор, сепак од судот останаа на својот став – не било возможно поради тоа што сведоците во овој дел од постапката се уште не биле сослушани.

– Причините за затворањето на новинарот Томислав Кежаровски дека ќе влијае врз јавноста и ќе се даде во бегство се неоправдани. Побаравме во правна постапка да се преиспита мерката притвор за новинарот, а судијата по службена должност треба да ги разгледа околностите за да може да ја замени мерката со домашен притвор – изјави главниот и одговорен уредник на „Нова Македонија“, Зоран Димитровски по средба во Кривичниот суд.

Димитровски вели дека вечерта кога Кежаровски се бранел, му било доделено адвокат по службена должност, но, адвокатот не поднел жалба на мерката притвор од непознати причини. Сепак, како што објасни Димитровски, постои правна процедура адвокатот тоа да го направи.

– Мора да се има предвид дека новинар е во притвор и дека јавноста е заинтересирана за случајот. Воедно, се работи и за дигнитетот на професијата. Се надеваме на правна разврска со која сите страни ќе бидат задоволни – објаснува Димитровски.

Главната забележка, како што нагласи Димитровски, била да откријат дали новинарот е затворен поради текстовите во „Репортер“. Заштитниот сведок во тој момент го немал статусот на заштитен сведок и бил лажен заштитен сведок по неговото сопствено признание во рочиштето во јануари годинава.

– Во времето кога Кежаровски ги објавил текстовите, тој бил формално – правно заштитен сведок. Дали тоа е измислен заштитен сведок или наместен од полицијата, ни беше одговорено дека тоа треба да се утврди во некоја натамошна фаза, бидејќи откривањето на неговиот идентетет би можело да влијае на истрагата – изјави Димитровски.

По средбата со Иницијативниот одбор со новинарите, истражниот судија Владимир Туфегџиќ рече дека новинарот Томислав Кежаровски е обвинет за кривично дело за откривање на лице со заштитен идентитет, кое има статус на заштитен сведок. Како што кажа Туфегџиќ, ова лице се стекнало со статус на заштитно лице на 5 Ноември во 2008 година и неговиот понатамошен статус бил под псевдонимот „Бреза“. Во написот на текстот во „Репортер 92“, е откриен идентитетот на заштитниот сведок.

По 20 дена дена од објавувањето на написот, новинарот го открил и записникот за распрашување на заштитниот сведок. Судијата Туфегџиќ вели дека мерката притвор е определена врз две основи, поради можност од бегство и влијание врз сведоците, кои во оваа фаза од истражната постапка не се сослушани. Од примањето на одлуката за истрага и мерката притвор, новинарот Кежаровски нема поднесено жалба кон одлука.

– Наместо домашен притвор, истражниот суд ја донел одлуката за мерката притвор се’ со цел да не се наштети на истражната постапка. Во врска со деталите од исказот на Кежаровски, немам овластување да дадам коментар – изјави Туфегџиќ.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време