ВИДЕО: Детските градинки „Детска радост“ во Струмица добија нови играчки

Од:

Детските градинки „Детска радост” во Струмица денеска добија нови играчки во вредност од 250 илјади денари.

Во пресрет на големиот христијански празник Раѓањето на Исус Христос-Божик, денеска градоначалникот Зоран Заев подари нови играчки за градинките.

– Грижата за најмалите е наша главна и примарна задача. Нивното здравје и едукација се инвестиција во нашата иднина.

– Со нашата денешна донација, реализираме уште една ставка од општинскиот буџет за 2012 година, во вкупна вредност од 250 илјади денари, рече Заев.

Директорката  на „Детска радост”, Тинка Марковска ја истакна успешната соработка со локалната самоуправа во создавањето оптимални услови во детските градинки, каде се сместени над 800 дечиња од најмала до предшколска возраст.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите