(ВИДЕО) Дескоска: Одлуките на Уставен ги пишува Груевски, затоа се менуваат како и неговите ставови

Од:

„Пред точно три месеци, на 18 февруари Уставниот суд се прогласи за ненадлежен да одлучи за уставноста на одлуката за распуштање на Собранието со одложено дејство.

Денес, Уставниот суд донесе сосема спротивна одлука и поведе постапка за оценка на одлуката за распуштање на Собранието.

Ова е уште една потврда дека одлуките на Уставниот суд ги пишува Груевски, а не оние што ги носат тогите во Судот“, рече Рената Дескоска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Хаосот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ се пренесува и на сите нивни послушнички институции.

Како што Груевски ги менува ставовите, според своите потреби, така се менуваат и ставовите на Уставниот суд. Луѓето што седат во институциите се спремни да се посипат со пепел, да ретерираат и да се предомислуваат.

Владејачката коалиција создаде ситуација на правен хаос и комплетна нестабилност во Република Македонија.

Прво пратениците на власта гласаат за одлуки за одложено распуштање на Собранието, па ако некој друг им ги оспори одлуките Уставниот суд се прогласува за ненадлежен.

Потоа самите претставници на власта кои гласале за таквата одлука си ја оспоруваат како неуставна, а Уставниот суд одеднаш се просветлува и сфаќа дека е надлежен и ја поништува таа одлука.

Денешната одлука на Уставниот суд создава само привид дека со неа се отвара пат за решавање на кризата.

Се додека Уставниот суд одлучува во зависност од тоа кое копче ќе го притисне врхушката на власт, нашата земја има сериозен проблем.

Се додека имаме подјармени институции, правната држава е криза.

Се додека незаконски дадените аболиции прозведуваат правно дејство и ја спречуваат правдата, земјата е во политичка, но и во уставна криза.

Решението на длабоката политичка криза е поништување на срамната одлука на Ѓорѓе Иванов за аболиција, свикување на Собранието за одложување на изборите и спроведување на фер, демократски и регуларни избори со исполнување на сите услови“, изјави Рената Дескоска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема