(ВИДЕО) Дескоска: Наместо да се пазарат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, веднаш да ги запрат уставните измени

Од:

„Очекувано, власта во оваа држава сé претвори во предмет на пазарење. Деновиве слушаме, тоа го прави и со Уставот. Вчера есапот од пазарот не им излезе.

Ова е моментот кога власта треба да се преиспита и да ги запре уставните измени.

Обидот по секоја цена да се истурка процедурата на амaндманските измени на Уставот во Собранието на Република Македонија ќе биде само уште еден доказ дека финансиските интереси на оваа власт и се поважни од се друго, вклучувајќи ја и евроатланската перспектива“, изјави на денешната прес-конференција Рената Дескоска, пратеничка и претседателка на Комисијата за правда на СДСМ.

„Амандманите на Уставот, онака како што се утврдени во Собранието се проблематични и од аспект на нивниот легитимитет и од аспект на нивната формулација, а некои од нив и од аспект на целта заради којашто се туркаат.

Венецијанската комисија и Европската комисија веќе укажаа дека уставни измени треба да се носат со најширок можен консензус, како политички, така и општествен.

Туркањето на уставни амандмани во ситуација на политичка и државна криза, во ситуација кога опозицијата е надвор од Собранието, е уште еден доказ за дрскоста, ароганцијата и исклучивоста на власта, како и отсуството на чувство за потребата од дијалог.

Сега на сите им е кристално јасно дека власта е генераторот на кризата во Република Македонија!

Смешни се тврдењата на власта дека предложените уставни амандмани се усогласени со препораките на Венецијанската комисија. Наспроти укажувањата на Венецијанската комисија и меѓународната заедница дека со воведувањето на меѓународните финансиски зони се создава опасност Македонија да се претвори во пералница за пари, власта останува упорна во својата намера да создаде рај за перење на нечистиот капитал.

Со амандманите во Уставот се внесува основ за воведување на меѓународни финансиски зони и нивно регулирање со закон. Во предложениот Уставен закон за спроведување на амандманите се предвидува рок од 6 месеци за донесување на Законот за меѓународни финансиски зони. Со тоа, власта користи ситни маалски финти, односно “фусноти” за она што беше спорно во мислењето на Венецијанската комисија да се остави на законско регулирање.

На граѓаните на Република Македонија им е јасно дека со реализацијата на уставниот амандман за меѓународните финансиски зони, земјата ќе влезе во конфронтација со нашите сојузници од меѓународната заедница, a цената за тоа ќе ја платат граѓаните.

На власта и порачуваме: излезете од ќорсокакот во којшто влеговте!

Не се пазарете со работи што не се за пазарење! Не спроведувајте постапки што внесуваат дополнителен раздор! Уставот во секоја земја треба да е највисок акт што обединува, а не што разединува.

Погубноста од неводењето сметка за тоа, Македонија го почувствува во 2001 година.

Со насилното туркање на уставните измени во ситуација кога опозцијата не е во Собранието, а државата е во политичка и државна криза, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ уште еднаш ќе покажат дека не ги научија историските поуки“, изјави Рената Дескоска.

Би можело да ве интересира

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски