(ВИДЕО) Дескоска: Криминалот нема да се чува во фиоките на јавните обвинители

Од:

Поминува речиси една недела од кога лидерот на опозицијата го обелодени и го поткрепи со аудио снимка мега-скандалот тежок 1,5 милиони евра во кеш поврзан со продажбата на Македонска банка АД Скопје.Обвинителството молчи, судството молчи, провладините медиуми молчат, МТВ молчи, рече на прес конференција Рената Дескоска, носител на листа на СДСМ и коалициските партнери во изборната единица 1.

Тоа, рече, е уште една потврда дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ настапил институционален и медиумски мрак.

„Свесни дека зависното и партизирано судство создава несигурни граѓани под притисок на власта, СДСМ ќе го направи судството столб на демократијата и владеењето на правото. Ќе се бориме за трајно решавање на проблемите во оваа свера. Правото нема да биде подредено на политиката, ниту судството на извршната власт. Новиот почеток за судството ќе значи дека одлуките нема да се пишуваат на Илинденска б.б Ќе ја отстраниме невидената партизација и политичките притисоци со кои се соочува судството денес. Ќе ги одглавиме граѓаните од лавиринтите на судовите.Судството мора да биде независно, ефикасно и непристрасно“, рече Дескоска.

Со доаѓањето на новата Влада на, СДСМ ќе направи реформи и во Јавното обвинителство, кое денес,велат, наместо да ги гони сторителите на кривични дела се става во улога на нивен заштитник .

„Со промените, основите за одговорност на јавните обвинители ќе бидат утврдени со законот за јавното обвинителство за да се спречи несовесното постапување и непрофесионалното и партизирано работење . Ќе бидат утврдени прецизирани и кратки рокови за постапување на јавното обвинителство по поднесените кривични пријави.Сознанијата за криминал и сторени кривични дела нема да останат заборавени во фиоките на јавните обвинители.Пред Законот сите ќе бидат еднакви“, рече на прес-конференција Рената Дескоска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски