(ВИДЕО) Демонстрантите до Спасовски: Ако имаш грижа на совеста, размисли што направи

Од:

Неколку стотици граѓани, меѓу кои и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев, претседателката на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска, како и дел од советниците на партијата во општините побараа оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тие носеа транспаренти „Оливер зошто земаш плата“, „За колку пари го продаде македонскиот народ“, извикуваа „Оставка“, „Македонија“ и упатија навредливи зборови кон министерот.

Тие сметаат дека министерот треба да си даде оставка поради тоа што полицијата не презела ништо кога демонстрантите предводени од ДУИ го уништуваа темелот за крстот и ги поставија шаторите на кружниот тек во Општина Бутел.

Иако како главен организатор се јави претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, како што претходно објави А1он, ВМРО-ДПМНЕ уште вчера вечерта ги повика преку СМС пораки своите членови на протестот, во кои е нагласено да нема партиски обележја.

Еден од граѓаните побара од Спасовски да излезе со програма и да каже дека ќе направи подобро од актуелната власт. Тој му порача на министерот ако има грижа на совеста да размисли што направи.

Помеѓу демонстрантите има голем број на лица кои демолираа во Општина Центар пред две и пол години, случај кој беше расчистен откако се смени раководството на Министерството за внатрешни работи.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

(ВИДЕО) Протести низ цела Шпанија: Граѓаните бараат решение за кризата во Сеута

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР