(ВИДЕО) Данев: СДСМ не запира со финансирањето на невладините организации од парите на граѓаните

Од:

„СДС не запира со финансирањето на невладините организации од парите на граѓаните. Веќе соопштивме дека на сметките на невладините организации од буџетот на Република Македонија се прелеаа милионски суми. Тоа се директни пари на граѓаните кои се влеваат кај активистите на невладините организации кои работеа по диктат на СДС за време на т.н. шарена револуција. Луѓето кои ја уриваа легално избраната власт од страна на македонските граѓани, сега се финансираат со парите од истите тие граѓани.

Покрај префрлувањето на милионски суми на сметките на невладините организации, СДС смислила и друг начин како да ги полни сметките на невладините со пари од граѓаните. Во нацрт-стратегијата за реформа на правосудниот сектор за периодот 2017-2027 година која ја изработуваат активистите од невладините организации, а по нарачка на владата предводена од СДС, тие самите измислиле начин како додатно да се финансираат.

Имено, во стратегијата е предвидено да се донесе целосно нов закон за бесплатна правна помош во кој се предлага ефикасен систем за претходна правна помош (информации и советувања) составен од граѓански организации со тоа што, се предлага, правниот совет да биде препознаен како клучен во решавањето на правните проблеми. Или со други зборови, предлагачите на стратегијата, поточно СДС, сакаат на голема врата да ги внесат граѓанските организации како даватели на правна помош кои би добивале редовно пари од буџетот на Република Македонија.

Бесплатната правна помош и досега беше овозможена на граѓаните. Истата е предвидена согласно член 4 од законот за Бесплатна правна помош.

И покрај тоа, што веќе ваква можност им е достапна на граѓаните, сепак, СДС одлучи преку вакви лукративни измени на законот да ги полни сметките на невладините организации.

Ваквиот криминален и насилнички начин на делување ќе заврши на 15-ти октомври“, изјави Драган Данев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања