ВИДЕО: „И да гори, не влегувам пак во Собрание“, вели обвинетиот кој призна вина за насилство

Од:

Oбвинетиот Стојан Павлевски кој призна вина за насилствата од крвавиот четврток вели дека се кае за делото и дека нема да го повтори. Тој во изјава за медиумите рече дека никој не му наложил да влезе во Собранието на 27 април. Очекува условна казна.

„И да гори нема да влезам. Тогаш ме испровоцира пеењето на албанската химна. Нема да го повторам делото, очекувам условна казна, рече Павлески. Тој заедно со Цејо Ѓоргиевски ја признаа вината за насилство откако делото беше преквалификувано од обид за убиство, во насилство.

Адвокатите побараа судот да ги земе предвид олеснителните околности, односно здравствената состојба и неосудуваноста на обвинетите во изрекувањето на казната.

Обвинителот, пак, во завршните зборови порача дека очекува соодветна казна за делото кое го сториле и потсети дека биле свесни што прават кога влегле во Собранието и кога фрлале предмети врз пратеницоте.

За делото е предвидена казна од 6 месеци до 5 години. В среда се очекува да им биде изречена пресуда.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Села ќе формира нова партија „Албански сојуз“

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски