ВИДЕО: Црни трупови пред Обвинителството како повик да си ја врши работата

Од:

„Истрагата е во тек…До кога? Со овој транспарент ЛГБТИ активисти и граѓани, денеска, втор пат излегоа на протест пред Јавното обвинителство на Република Македонија и бараа институциите да си ја завршат својата работа и да ги пронајдат напаѓачите кои го демолираа кафе барот „Дамар“ и ги нападнаа ЛГБТИ и активистите за човекови права, при што двајца беа потешко повредени.

Со мирен протест и легнати трупови завиткани во црни вреќи, пред Обвинителството тие упатија порака до надлежните.

Јавниот обвинител Марко Зврлевски, минатата недела, за медиумите изјави дека не е запознаен со овие напади и дека е преоптимистично за месец дена да се откријат сторителите на нападот.

Уранија Пировска, извршната директорка на Хелсиншки комитет, денеска изјави дека според нивните информации од МВР, документите се веќе во Обвинителството.

– Нашиот фокус денеска е повторно на Јавното обвинителство бидејќи од страна на полицијата добивме информации дека МВР и за нападот од 22 јуни 2013 и за овој последен напад што се случи во кафулето Дамар, има поднесено извештаи до Основното јавно обвинителство. Ја слушнавте изјавата на Зврлевски, тоа за нас е поткрепа на тврдењето дека Обвинителството не си ја врши својата работа и е поткрепа за индолентниот став кој што го има, кога станува збор за нашиот случај. Се уште нема осуда на нападот ниту од премиерот, ниту од министерката за внатрешни работи, вели Пировска.

Таа најави дека протестите ќе продолжат се’ додека не се пронајдат сторителите на нападите врз ЛГБТИ заедницата.

Амбасадорите на ЕУ, Франција, Велика Британија, Холандија, Германија и други европски земји и САД, по нападот на ЛГБТИ центарот, дадоа своја поддршка и апелираа за брзо пронаоѓање на сторителите.

Последниот напад врз ЛГБТИ заедницата се случи на 23 октомври, зa време на роденденската прослава на ЛГБТИ Центарот во скопското кафуле „Дамар“. Ова беше шести напад по ред за две години.

 

А.Б.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Кочанското Јавно обвинителство ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“

Обвинителството започна истрага против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Горан Наумовски

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски