(ВИДЕО) ЦРМ: Стоп за копирањето на материјали во онлајн медиумите

Од:

Центарот за равој на медиуми го претстави документот потпишан од единаесет онлајн медиуми кој се состои од сет на принципи за користење на туѓи авторски дела. Многу онлајн медиуми подолго време опстојуваат со преземање на туѓи материјали без да го наведат изворот или пак несоодветно го назначуваат без линк до оригиналот и на крајот на текстот.

Принципите можат да се најдат на сајтот http://ferupotreba.mdc.org.mk/ кој е отворен за оваа намена и за запознавање на сите сајтови со содржината како и начинот на кој можат да земаат материјали . Најчест проблем кој повеќе не е прифатлив е копирањето односно нецитирањето на тесктовите, кое со овој документ се регулира помеѓу единаесет портали, но ќе важат и за останатите доколку земаат материјали без дозвола од некој од овие портали. Исто така неприфатлива е и појавата на преземање тесктови во кои се менува дел од реченицата и се претставуваат како свои без да се наведе оригиналниот извор.

-Цитирањето на туѓи новинарски текстови е прифатливо само со соодветна атрибуција (наведување на изворот и авторот). Вршењето на новинарската професија зависи од повеќе специфични вештини и способности а потрагата по вистинска информација или извор често бара поголем труд. Соодветната и правилна атрибуција обезбедува и признание од колегите за трудот вложен во потрагата по информации. Атрибуцијата би требало секогаш да следи непосредно пред или по цитатот и секогаш со хиперлинк кој води кон оригиналната содржина, пишува во документот.

-Можат сите онлајн медиуми да се приклучат на иницијативата, што ќе доведе до поголема -професионалност. Најмногу се жалат сите на на “копи-пејст“ новинарството, на преземање цели тесктови без наведување на изворот, тоа треба да се цитира во разумна мера. Она што се случува, Хрвататите пред влезот во ЕУ, имаа превентивна тужба од здруженито на британски новински агенции кон еден од водечките сајтови во Хрватска, кој мораше да плати огромна сума за се што земале со години од тесктови до фотографии без дозвола, рече Дејан Георгиевски, претседател на Центарот за развој на медиуми.

Ситуацијата која сега ја имаме на интернет нема да може да се одржи долгорочно, мора да има стандради кои ќе важат за целата интернет заедница, рече тој.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време