(ВИДЕО) Чокалова-Дервишева: Го сменија статутот за да не можам да бидам претседател на Лекарска Комора

Од:

Претседалката на здружението на приватни лекари на Република Македонија, Лилјана Чокалова Дервишева обвини дека претходниот состав на Лекарската Комора намерно го променила статутот со цел таа да не се кандидира за претседател на комората.

-Во новиот статут се донесе апсурден член, каде што сакаа да ме елиминираат, бидејќи сум претседател на здружението на приватни лекари да не можам да бидам претседател на Лекарската Комора, обвини докторката Чокалова Дервишева.

Според неа, претходно се барал доктор кој е претседател на друго здружение бидејќи тие личности биле посветени на проблемите на своите колеги.

-Кога се распушташе претходниот состав на Лекарската Комора се промени статутот кој што не беше променет долги години, а тројца делегати дадовме претставка на Суд. Имаше една постапка, но судот кажа дека е нормално да се промени, рече доктор Чокалова Дервишева.

Лекарската комора денеска по две години истечен мандат избра нов претседател, докторката Калина Старделова и нејзини заменици. Како што дознава А1он, атмосферата при изборот на претседател на Лекарската комора била тензична, а Старделова по изборот рече дека примарна цел ќе и биде враќање на членовите на статутот како што биле претходно.

-Сакаме да направиме подобра Лекарска комора, комора со која ние и другите околу нас ќе се гордеат. Имаме многу работа, оставени се работи кои ние треба да ги истражиме, не чека многу работа, ќе направиме добар тим, рече Старделова.

Би можело да ве интересира

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

Орце Костов

Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

Орце Костов

Нападнат лекар во Радовиш, настанот го осуди и Лекарската комора

Годинава 440 лекари положија стручен испит

Орце Костов

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов

Лекарска комора: Да не се создава слика дека сите лекари се манипуланти