(ВИДЕО) Чаушевска: Ќе го направиме Градско општина на уште позадоволни граѓани

Од:

„Градско го заслужува само најдоброто. Жителите на Градско треба да го имаат само најдоброто.

Затоа со целиот свој капацитет ќе се вложам тоа и да го добијат. Нашата визија за развој на Градско во првиот мандат ја реализиравме, но нашата мисија се уште не е завршена. Ние сакаме да го направиме Градско општина на уште позадоволни граѓани, општина каде во преден план беа и ќе бидат вредностите како добриот, мирен и просперитетен живот, чесноста, искреноста, отчетноста и секако демократијата.

Сето ова може да се постигне само со многу работа. Тоа е моето ветување кое денес го давам пред сите вас. Ветувам работа, РАБОТА КОЈА НОСИ ПОДОБРО.

Имаме програма која значи нови победи за ВМРО-ДПМНЕ. Програма која значи ново утро за подобар живот. Програма со конкретни и реални проекти кои ќе бидат исполнети. Еве ги нашите 10 приоритетни проекти:

Санација на мост на река Вардар во село Уланци.
Изградба на доводен цевковод од бунарите во село Уланци до резервоарот во Градско.
Изградба на пречистителни станици.
Реконструкција и проширување на локален пат до село Виничани.
Изградба на канализација во населено место Стопанство.
Изградба на нова индустриска зона.
Изградба на тротоари и паркинзи во централно подрачје на Градско.
Реконструкција и санација на локален пат Градско-село Долно Чичево во должина од 1км.
Изградба на нова зона за домување.
Асфалтирање на улици во населените места: Градско, Старо Градско, Виничани, Кочилари, Уланци, Ногаевци и населено место Стопанство.
Изградба на нова детска градинка.
Оваа програма е гаранција дека Градско ќе биде современа општина на среќни и задоволни жители, општина каде чесноста, искреноста и вистинските демократски процеси ќе бидат движечка сила во работата на локалната самоуправа.

Свесна сум за овој предизвик, но ќе се соочиме со него и заедно со целиот работен тим, ќе победиме во Градско, ќе ги добиеме локалните избори и ќе докажеме дека ВМРО-ДПМНЕ, знае да твори, да решава проблеми и да работи во интерес на сите граѓани“, изјави Жанета Чаушевска, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Градско.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината