(ВИДЕО) Бујароска: Патот до правдата е долг, но сепак ќе ве стигне

Од:

Според Александра Бујароска од Фронт 21/41, власта не го почитува членот 43 од уставот каде пишува дека секој човек има право на здрава животна средина.

– Значи, закон за квалитет на воздух, уредби и така натака, за што кога истите не се почитуваат, на крајот сите сме тука и никој не знае од каде е загадувањето. Сите сме тука и чекаме дождот и ветрот да го уништат загадувањето. Патот до правдата е долг но сепак ќе ве стигне, рече Бујароска.

Добра работа е што по неколку години молк, власта конечно се огласи со некакви мерки за решавање на проблемот со загадувањето, рече Ана Чоловиќ-Лешоска од Екосвест.

– Јасно е дека треба да се преземат мерки, за чија примена секој си ја знае својата улога. Каде се мерките за сообраќајот и градежништвото. Да се воспостават нови зелени површини, да се стопира непотребното сечење на дрвјата. При градби да не се сече зеленилото. Да применат креативни зелени начини на уредување. Фонд за енергетска ефикасност во домаќинствата, рече Чоловиќ-Лешоска.

Таа вели дека моментално единствен начин да се заштитиме е користење на меските, бидејќи кога власта не презема мерки, мораме сами да се заштитиме.

Целта на собирот е јавно да се изрази загриженоста на граѓаните од цела Македонија од енормното загадување.

– Рокот е до 15 јануари. Доколку не се поднесат мерките, ќе бидат блокирани градовите кои имаат последователно загадување, рече Јанески.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС