(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

Од:

Зад протестите против францускиот предлог и предлогот за референдум за укинување на Договорот за пријателство со Бугарија – стои Русија која долго време работи на дестабилизација на регионот, смета поранешниот премиер Владо Бучковски.

Во интервју за БГНЕС, Владо Бучковски истакна дека Москва нема интерес за стабилност на Западен Балкан. Тој потсети дека Бугарија на почетокот на летото протера 70 руски дипломати и дипломатски персонал од руската амбасада во Софија, а Македонија протера и неколку дипломати.

„Не е тајна дека Русија долго време работи на дестабилизација на земјите од Западен Балкан“, потенцира поранешниот македонски премиер.

Тој е убеден дека РСМ сфатила што може да предизвика најмногу емоции, а тоа се бугарско-македонските односи.

„Зад протестите и зад желбата за одржување референдум стои руското влијание. Порано или подоцна тоа ќе стане многу појасно“, потенцира Владо Бучковски, додавајќи дека „не само партијата Левица е дел од ова сценарио“.

Тој го изрази своето задоволство што Бугарија и Македонија ги одржуваат добрите односи.

– Пријатно сум изненаден што и на официјално ниво во времето кога премиери беа и Кирил Петков и Бојко Борисов, како и неколкуте преодни влади, одржувавме добри односи“, рече Бучковски, прецизирајќи дека тоа било многу корисно особено по агресијата на Русија против Украина.

На прашањето дали по прифаќањето на францускиот предлог влегуваме во нова фаза на билатерални односи, Бучковски истакна:

„Отсекогаш сум бил оптимист за бугарско-македонските односи. Нема враќање назад, ќе одиме само напред. Имаше проблеми, останавме заглавени на едно место, но никогаш не се вративме. И ние ќе одиме напред“.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

A1on

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

A1on

(ВИДЕО) Јотова: Францускиот предлог е голем дипломатски успех за Бугарија

A1on