„Повод за овај наш прес е чествување на Св. Никола како патрон на град Прилеп и како најмасовна религиозна слава на голем број прилепски семејства. Неговите дела како хуман заштитник на морепловците и луѓето во неволја датираат од многу одамна и се признати од повеќе цивилизации и религии. Неговиот боженствен флуид се надеваме дека и денеска ќе дојде до израз благословувајќи ја богатата и посна трпеза што ја организираат нашите видни стопанственици во негова чест. Неговиот универзален дух сметаме дека и денес ќе дојде до израз за да го разреши проблемот со исселувањето на борците од НОБ од службените простории.Со нашето присуство пред бистата на Кузман Јосифоски Питу, даваме целосна безрезервна поддршка разумно и компромисно да се реши спорот настанат помеѓу сојузот на борците и сојузот на воени инвалиди. Со нивните жртви и херојски подвизи за време на НОБ денес живееме во суверена држава Р. Македонија“, изјавија на прес конференција прилепските бранители.
Најдобра солуција за надминување на овој непотребен спор ќе биде да се стишат страстите и да се продолжи нивното функционирање и активностите.Под истиот кров, за истите идеали.Овој наш предлог сметаме дека ќе биде помогнат и од надлежните институции на нашата власт.Напомош да ни е Св.Никола и да ни е вечна Р.Македонија.