Пред Владата се појавија и бранители кои побараа раководството на МВР да си замине од функциите.
-Се случува узурпација на сите можни ресурси, правдата не може да се добие во судот зашто е поткупен од државните органи. Не може вие да бидете ВМРО, вие сте продадени души и работите само за пари, вашите лични интереси само ги чувате.
Веднаш да си дадете оставки и да му се извините на Љубе Бошкоски ако имате доблест, вие не сте Македонци. Денеска овде секаде каде што ќе се појавиме ние ќе ја браниме слободата и ќе ја извојуваме.
Сашо оди си, имаш пари имаш се, остави не да живееме мирно и спокојно, не сакаме ништо друго, дај ја слободата на народот, рече Миле Кузмановски, бранител од 2001 и член на Обединети за Македонија.
Тој кажа дека имало обид да се поткупат сите и да се растури партијата, но власта не успеала во тоа.
-Не успеаа да ја растурат, пробаа да ја растурат патијата, но се исчистивме од ѓубрињата. Партијата е чиста, останаа лојалните членови, со душа и срце, патриоти македонски. Ништо лошо не сакаме, само да се врати мирот во државата, да не се случуваат расипани работи како што се случуваат секојдневно, да се врати насмевката, рече Кузмановски.