(ВИДЕО) Божиновска: Арсовска не реализираше ниту еден свој проект во првите месеци од мандатот

Од:

„Изминуваат првите 82 дена од мандатот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, период во кој таа ветуваше дека ќе реализира 15 важни проекти. Денес, скопјани може да видат дека сето тоа било само предизборна лага на Арсовска“, рече Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.

„Денес, во Скопје нема беплатен јавен превоз, нема 10 километри изградени улици, нема нови автобуси, нема едношалтерски систем за јавни услуги, градот не е почист а сообраќајниот хаос е уште повеќе изразен.

Но затоа пак во овие два и пол месеци Данела Арсовска има 109 вработувања на партиски кадри, има партизација на јавните претпријатиа и установи под Град Скопје, има прекинати проекти и огласи важни а развојот на градот.

Се што Арсовска стори во овој период е десјтвување на штета на граѓаните и Градот и бегање од одговорност. За само два и пол месеци, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го уназадија градот и работат спротивно на интересите на скопјани.

Тоа е нечесен, неодговорен и несериозен однос на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања