(ВИДЕО) Божиновска: Арсовска демантирана и од градежниците за Универзална сала

Од:

„Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, со месеци ја стопира реконструкцијата на Универзална сала. Наместо реализација на проектот за кој Владата има дадено 2 милиони евра на град Скопје, Арсовска се обиде со лага да ја оправда својата неработа“, рече Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.

„Експересно, невистините на градоначалничката Арсовска ги демантираа и градежниците. Проекетот за Универзална е стручен и безбеден, има добиено позитивно мислење од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, од Градежниот факултет, а надзорот ги одобри сите градежни зафати.

За период од 4 месеци колку што е градоначалничка Арсовска требала целосно да ја заврши оваа фаза од проектот а не да измислува оправдување.

Наместо невистини и безбројни оправдувања за својата неработа Данела Арсовска треба се фати за работа и да го заврши овој важен проект за скопјани, но и за целата држава.

Универзална сала е симбол на Скопје и на солидарноста.

Недозволиво е со месеци реконструкцијата да стои закочена.

Градоначалничката на Скопје да не ги потценува граѓаните, да не бара оправдувања, туку конечно да се зафати со она што и е работа – да реализира проекти во интерес на Градот“, изјави Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски