Сигурно во животот има одење горе и паѓање доле, одредени недоразбирања меѓу нас, но тогаш сонувавме да ја видиме Македонија слободна, самостојна, со сите државотворни атрибути, ја имавме тогаш таква Македонија и ја имаме сега Македонија од сонот на Љубчо Георгиевски, рече лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски по потпишувањето на договорот за коалицијата „ВМРО за Македонија“.
-Тогаш бевме заедно и успеавме да ја осамостоиме Македонија, од тој ден до денеска ни се случуваа ситуации во државата кои по втор мораа да не обединат, тоа беше 2001 година кога ни се приклучи еден млад човек кој стана генерал, Стојанче Ангелов, рече Бошкоски.
И денеска, судбината како да не присили, нешто што е појако од нас, од нашите амбиции, а тоа е Македонија. И еве по трет пат се обединуваме, за Македонија, овој пат победоносно чекориме предводени заедно со Георгиевски, во една нова победа.
Многумина ќе се прашуваат зошто е потребно сега трета опција? Зарем Македонија не е загрозена сега, зарем човековите права и слободи не се загрозени, зарем не се загрозени основните начела на ВМРО, пред личните интереси. Затоа е потребно ново “ВМРО на Македонија“, рече Бошкоски.