(ВИДЕО) Бошкоски: Мицкоски ќе го поддржиме, но само ако се огради од Никола Груевски

Од:

Лидерот на Обединети за Македонија од Македонски Брод каде што отвори нов партиски штаб кажа дека е можна соработка со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но само ако се огради од политиките на Никола Груевски.

– Нека каже дека не ја поддржува политиката на лаги, криминал и корупција и дали ќе ги врати изворните принципи на ВМРО-ДПМНЕ. Дали ќе каже дека Никола Груевски и тие околу него се она што цело време зборував “банда криминална“. Сето тоа се работи од кои ќе зависи дали ќе му ја дадеме поддршката, до тогаш немаме намера ниту куртоазна поддршка да дадеме. Доколку се дистанцира од таа политика, можеме да разговараме за наша соработка како две десничарски партии, рече Љубе Бошкоски од Македонски Брод.

Немаме намера да бидеме единствена десничарска партија, но ги негуваме традициите на историското ВМРО. Има многу прашања – ни велат како ќе ги придобиеме тврдокорните вмровци ако сум во друштво со Заев, кој бил непријател на тврдокорните вмровци. Заев не е непријател на ВМРО ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Најголемиот непријател на сите нас од ВМРО-ДПМНЕ е Никола Груевски и никој друг, тој не натера сите што бевме основачи да го напуштиме ВМРО-ДПМНЕ..

Заев ќе го поддржуваме се додека имаме заедничка стратегија и заеднички мислења за важни прашања. Се додека сме на иста бранова должина и имаме исти цели, односно една заедничка цел и љубов –Република Македонија, ќе има поддршка.

Бошкоски кажа и дека Обединети за Македонија од почетокот се залага да нема одмазда и отпуштања на вработени симпатизери и членови на од ВМРО-ДПМНЕ од новата власт.

-Тие се наши пријатели, наши вмровци и ќе инсистираме да останат на работните места, рече тој.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска