(ВИДЕО) Бошкоски: Груевски е исплашен и слободата му бега од раце

Од:

Груевски е исплашен и слободата му бега од раце, па затоа го повикува народот зборувајќи за патриотизам и големи дела, кои тој никогаш не ги направи за Македонија, рече Љубе Бошкоски, лидерот на Обединети за Македонија денеска во Кривогаштани каде што партијата отвори нов штаб.

– Неговото време минува, ова е време на вистинските патриоти. Но јас не сакам да ги делам граѓаните на патриоти и предавници, како што тоа тој го направи. Сите сме Македонци и ја љубиме Македонија. Тој ги промени тезите патриотите станаа предавници, а предавниците патриоти, рече Бошкоски.

Бошкоски додаде дека нивна цел е да се гарантира сегашноста и преку гарантирање на сегашноста да се гарантира и иднината на нашата земја.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош