ВИДЕО: Борисов и Заев се поклонија пред гробот на Гоце Делчев

Од:

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и македонскиот премиер Зоран Заев по заедничката прес-конференција се поклонија и положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

На поклонувањето на гробот на македонскиот револуционер беа присутни и министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева.

Борисов е во посета на земјава по повод заедничкото одбележување на двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Скопје и Софија.

Тој на денешната прес-конференција се извини што рекол „северномакедонци“ во едно негово обраќање.

Бугарскиот премиер во Скопје ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски.

Предвидено е Борисов и Заев потоа да заминат за Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.

Би можело да ве интересира

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје

А1он

Проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни ја добија државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката

А1он

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода – Гоце Делчев

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Сто дваесет и три години од смртта на Гоце Делчев

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев