(ВИДЕО) Бојан Јовановски со сопствени средства го вдоми бездомникот Свето

Од:

По сторијата на А1он, бездомникот Свето доби топол дом во Карпош. За негово вдомување се погрижи Бојан Јовановски шоумен и хуманитарец кој на 69 годишниот Свето покрај топлиот дом, му обезбеди храна, топла облека и за првпат по повеќе години го однесе на бербер.

– Свето го затекнав во една нечовечка состојба, во подрум во Козле заедно со кучето Жучко. Јас ја земав одговорноста на себе и се додека е жив ќе ја дадам сета моја сила и енергија да има пристоен живот и ќе се погрижам ова да не биде со одреден рок, рече за А1он, Бојан Јовановски.

Според него, Свето е еден чуден човек во позитивна смисла, интересен лик полн со своја приказна, малку поразличен од сите луѓе.

– Тој е Робинзон Крусо во вистинска смисла на зборот, научен е на таков начин на живот и мислам дека оваа помош ја прифати со цело срце. Му треба време на адаптација, се надевам дека институциите кои се надлежни во оваа држава ќе помогнат Свето и сите останати како него да не мрзнат и гладуваат во овој период, вели Јовановски додавајќи дека сите треба да покажат човечност и солидарност без разлика дали се припадници на различни партии или вера.

Хуманистот Бојан Јовановски е член на Меѓународната асоцијација за социјална заштита на загрозените лица која делува регионално односно во соседна Србија и Бугарија. Оваа асоцијација се уште нема активни проекти во нашата држава поради тоа што, како што вели Јовановски, не ги исполнува условите за пристап.

– На Македонија како земја треба да и дадеме пристап за членство во Меѓународната асоцијација за социјална заштита, но претходно треба да ги исполни условите за пристап поради тоа што ние работиме по европски стандарди и лично јас ќе се потрудам како претставник на таа асоцијација Македонија да биде рамноправен член и да ги ужива овие проекти, вели Јовановски.

Тој вели дека во другите држави свеста за лицата како Свето е подигнато на едно повисоко ниво и дека овие држави се грижат на еден по достоинствен начин да им пружат живот на загрозените лица.

– Македонија и било која политичка гарнитура која ќе седне во барокната Влада треба добро да размисли како точно ќе се справи со овие случаеви кои што ги имаме, рече Јовановски.

Тој ја поздрави акцијата на Општина Центар која отвори згрижувачки центар за загрозените лица и ги охрабрува сите други општини и политичари да го направат истото.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Се запали напуштена куќа, настрада бездомник

Пронајден мртов бездомник, телото дадено на обдукција

А1он

Безживотно тело на бездомник пронајдено на Меѓуградската автобуска станица

ВИДЕО: Меѓународниот сојуз ќе им помогне на малиот Васко и неговото семејство

А1он

(ВИДЕО) Измрзнат и изгладнет, Свето преживува во урнатини во Карпош

А1он