(ВИДЕО) Богоев: Загадувањето во Карпош достигна драстични размери

Од:

Пратеникот од редовите на СДСМ, Стефан Богоев денеска во изјава за медиумите рече дека загадувањето во општина Карпош достигнало драматични размери, а освен ПМ честички во воздухот имало и големо количество арсен.

– Присуството на канцерогената супстанца арсен во воздухот, на моменти изнесувала и 14 нанограми на метар кубен што е двојно повеќе од пропишаната граница од 6 нанограми на метар кубен. Тоа е огромно количество отров што жителите на Карпош го вдишуваат. Додека граѓаните на Карпош дишат опасен воздух кој и не е доволно испитан, локалната власт предводена од Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ со години го игнорираат овој огромен проблем во општината. Граѓаните на Карпош се оставени сами на себе да се борат против загадувањето и сами да ги лоцираат и пријавуваат загадувачите, без никаква помош од локалната власт, рече Богоев.

Тој додаде дека состојбата со енормното загадување е алармантна и дека загадениот воздух без исклучок е закана по здравјето на сите граѓани кои живеат и работат на територијата на општината.

– Затоа, по победата на изборите планираме попис на целото зеленило на територија на општина Карпош и негова заштита, изградба на нови паркови и зелени површини секаде онаму каде што е изводливо, како и иницијатива за формирање на Еко полиција во соработка со извршната власт. На овој начин ќе се заштити и унапреди постоечкото зеленило и ќе се лоцираат и казнат загадувачите. Гарантираме чист воздух и поголеми зелени површини за сите граѓани на Карпош, рече Богоев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел