(ВИДЕО) Богоев: Обезбедуваме живот за студентите во Македонија

Од:

„Имаме План како да ги задржиме младите и студентите тука во Република Македонија.

Токму младите, токму студентите се најпонижени и најмаргинализирани во овие 10 години владеење на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Студентите беа тепани од полицијата, студентскиот стандард е на навистина ниско ниво, студентите беа принудени да живеат во распаднати студентски домови и да јадат храна полна со инсекти.

Токму затоа испланиравме на студентите да им понудиме работа со скратено работно време за време на нивното студирање, преку оваа така наречена „парт-тајм џоб“ студентите ќе можат да заработат дополнителни пари додека студираат, а со студентската картичка за попусти студентите ќе добијат попусти во читалните, библиотеките, кафетериите и ќе добијат разно разни други бенефиции.

Ќе обезбедиме вистинско и автентично студентско организирање, студентскиот лидер, студетнската организација навистина да ги претставува студентите, а не да нарачува фалсификување на студентските избори и тепање на студентите.

Повторно нашата крајна цел и нашиот План е да ги задржиме младите и студентите тука во Република Македонија“, изјави Стефан Богоев, кандидат за пратеник на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1 и претседател на СДММ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он