(ВИДЕО) Богоев: Картичка Мој Карпош за бенефиции и попусти за сите карпошани!

Од:

„Денес сме овде, помеѓу стопансвтвениците и дуќанџиите во Трговскиот центар Лептокарија , заедно со мојот тим и со кандидатите за советници, правиме посети и се залагаме и пред дуќанџиите и пред граѓаните на општина Карпош дека планираме парите да ги вратиме назад кон граѓаните и да го заживееме локалниот економски развој.

За таа цел, од тука од Лептокарија денес ќе го промовираме и проектот кој што како идна општинска власт ќе го спроведеме, тоа е картичката Мој Карпош.

Картичка која граѓаните ќе ја добијат бесплатно и картичка со која што граѓаните ќе добијат попусти во угостителските објекти, попусти во дуќаните , во продавниците за текстил кои се наоѓаат на територија на општина Карпош.

Тоа е бенефитот на граѓаните од една страна, а од друга страна бенефитот на стопанствениците и дуќанџиите е тоа што ќе привлечат нови муштерии и ќе имаат поголем промет, а на крајот од денот парите повторно ќе се свртат тука, на локално ниво, во општина Карпош.

Дополнително заедно со стопанствениците и дуќанџиите се договоривме еднаш месечно да одржуваме консултативни средби каде што заедно ќе ги договараме мерките и чекорите кои ќе ги превзема општинската власт.

За најмладите отвораме бизнис стар ап центри во кои што младите со добри бизнис идеи ќе добијат шанса да добијат бесплатен канцелариски мебел, простор, како и бесплатна сметководствена и правна поддршка.

Нашата цел како тим и нашата визија за Карпош е повторно да го вратиме животот во Карпош и парите да ги вратиме назад кон граѓаните.

Парите, во овој случај да ги вратиме назад кон карпошани“, изјави Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он

Арсовска од Ѓорче: Спортски комплекс, уредување на Лепенец, енергетска транзиција, расчистување со депониите за 82 дена

А1он