Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ нападите на толпата граѓани во општина Центар на седницата која се одржа на 7 и 10 јуни 2013 година на чија точка на дневен ред беа ДУП-овите со кои беше засегната црквата Св. Константин и Елена ги споредува со оние кои подоцна се случија на 24 декември пред Собранието при гласањето на буџетот на Владата и 27 април минатата година при насилниот упад на граѓаните во парламентот.
– Најголем впечаток ни остави немилосрдноста. Тоа што ни се повторуваше прво на 24 декември потоа на 27 април во Собранието, се случи и во Општина Центар. Начинот и вулгарноста на кои беа спремни да ја спречат и одложат седницата на која требаше да се отфрлаат Деталните урбанистички планови се со цел да се спречи Скопје 2014, што не се случи бидејќи потоа со приведувањето на Шиповиќ го изгубивме мнозинството и сето тоа стана невозможно, рече Богдановиќ.
Тој на 7 и 10 јуни 2013 година бил во просториите на општината каде заседавал Советот, во функција на в.д. директор на јавното претпријатие „Паркинзи општина Центар“ бидејќи една од петнаесеттите точки на двениот ред биле поврзани со претпријатието.
Актуелниот градоначалник за случајот „Насилство во Центар“ ќе сведочи на наредното рочиште закажано за 16 октомври.
Виктор Јованов