(ВИДЕО) Богдановиќ: Ветувам транспарентно и отчетно работење и одговорна и ефикасна администрација

Од:

Саша Богдановиќ, кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар вети транспарентно и отчетно работење , отворена и функционална општина и одговорна и ефикасна администрација.

„Ветувам дека заедно со вас граѓаните Центар ќе ја направиме отворена и функционална општина.Ја отвораме локалната самоуправа за да може секој граѓанин да добие навремени и квалитетни услуги. Жителите на Центар ќе ги добијат сите потребни услуги на едно место.

Јас како градоначалник ќе ги слушам и исполнувам барањата на граѓаните во креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта. Секогаш ќе бидам достапен и на терен заедно ќе ги решаваме проблемите. Ќе воведеме еднаш месечно Отворен ден за граѓаните.

Буџетските средства ќе се користат строго наменски, транспарентно, домаќински и одговорно, преку редовно известување за сработеното. Ќе креираме интерактивна, отворена и функционална веб-страница. Општинска администрација ќе биде одговорна и ефикасна и секогаш сервис на центарци.

Ветувам дека ако ја добијам вашата поддршка, заедно ќе го направиме Центар каков што сите го сакаме, каков што ни е потребен и каков што треба да биде-општина со широко отворени врати . Центар ќе биде подобро, посреќно и хумано место за живеење“, рече Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината