(ВИДЕО) Богдановиќ вети месечни средби со новинарите и најави акција за делење борчиња за позелен Центар

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ, денеска имаше средба со претставниците на медиумите. Ги слушна нивните предлози за транспарентно работење и вети отвореност и отчетност.

– Во изминативе четири и пол години како директор на ПОЦ имав добра соработка со медиумите, таквиот начин на работење ќе го продолжам и како градоначалник. Новинарите се коректив на работата на политичарите и со претставниците на медиумите најавувам редовна средба еднаш месечно, рече Богдановиќ.

Тој исто така информираше дека од денеска почнува акција за почист и позелен Центар и дека сите жители на Центар можат да се јават на www.zacentar.mk за да им биде доставено борче за да го засадат во своите дворови.

Една од првите мерки на новата општинска власт, вети Богдановиќ е мораториум на сите градби, додека не се испита законитоста во носењето на Деталните урбанистички планови. ДУП-овите посочи ќе се носат заедно и во интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО