(ВИДЕО) Богдановиќ најави низа проекти за најмладите и учениците

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ Саша Богдановиќ на прес-конференција најави проекти за најмладите, бидејќи како што рече тие заземаат централно место во програмата која ќе ја реализира.

„Најавувам дека ќе изградиме нова современа детска градинка во Маџир Маало со капацитет за 150 дечиња. Во мојот мандат ќе ги реконструираме и постоечките градинки за да имаат нашите најмали најдобри услови за престој и играње. Ќе ја завршиме изградбата на основно општинско училиште во Капиштец за 500 ученици, и ова ќе биде прво училиште кое по 46 години се гради во општината. Ќе ги реконструираме и сите други основни училишта за да има квалитетен образовен процес. И една убава вест за родителите. Нивните деца ќе можат да престојуваат од еден до три часа во „Игротека Центар” која ќе ја изградиме. Тука родителите ќе можат да бидат сигурни дека децата ќе ја добијат потребната грижа и внимание. Најавуваме и многу други проекти за правилен развој, игра и образование која ќе ја реализирам јас како градоначалник, мојот тим и советниците, бидејќи децата се нашата иднина”, рече Саша Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага