(ВИДЕО) Богдановиќ: Маџир Маало ќе стане посакувано место за живеење

Од:

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Центар Саша Богдановиќ вети реконструкција на улици, зеленило и нова градинка во Маџир Маало.

„Маџир Маало, една од најстарите скопски населби нема да остане запоставено и заборавено.

По кочењето од општина Аеродром, сега и планот и набавката се готови, и приоритет веќе во наредната година е реконструкција на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“. Конечно по 50-ти години, Маџир Маало ќе добие улица каква што доликува. Но не застануваме тука, изградиме канализациска мрежа и ќе ги реконструираме и улиците „Светиниколска“ и „Стеван Цветковски“.

Ќе засадиме зеленило низ населбата, ќе поставименови клупи за седење, канти за отпадоци и чешма за пиење вода, а Маџир Маало ќе добие и ново современо осветлување.

За најмладите ќе изградиме современо детско игралиште и градинка за згрижување на 150 деца.

Ќе продолжиме да ја негуваме и поддржуваме традицијата на Маџирмаалските средби.

Маџир Маало ќе стане посакувано место за живеење” – рече Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски