(ВИДЕО) Богдановиќ: Еднаш кодош цел живот кодош

Од:

Саша Богдановиќ на својот профил објави кои се личностите кои, како што вели договараат гласање на жители на Кале и човек, поранешен член на СДСМ кој се нуди, озвучен да испровоцира нешто од Андреј Жерновски, а ги објави синоќа СДСМ.

Тоа вели Богдановиќ се Алберт Адемов, поранешен и актуелен советник во Центар од ВМРО-ДПМНЕ и Михаил Младеновски, поранешен секретар на младина на СДСМ , кој потоа смени неколку партии.

Еве што напиша Богдановиќ:

bogdanovicSFB

„На вчерашните снимки се слушнаа гадостите што се правеа во Општина Центар. „Мојот омилен“ министер Миле Јанакиевски со сегашниот советник од ВМРО-ДПМНЕ Алберт Адемов договараат гласање на жителите од „Кале“ каде доколку не излезат на гласање „јакиот“ министер АМА САМО ПО ТЕЛЕФОН се заканува дека ќе работат по 72 часа без престан. Во разговорите ќе го слушнете Миле како со Сашко договараат да го озвучат најголемиот кодош и човек кој што има сменето неколку партии Михаил Младеновски како со тогашниот кандидат за Градоначалник сака да договара „пазарење со гласовии“, истиот тој кој за неколку евра си го продаде образот и душата на ѓаволот. Ме радува што таа 2013 година бурно реагирав, кога слушнав дека продадената душа Михаил сака после првиот круг да се види и да преговара со нас за гласови. Горд сум што категорично одбивме, со кодоши и ситни души ни на крај памет. Еднаш кодош цел живот кодош. Такви не ни требаат. Советниче Алберт, те чекам во некоја прилика да ми раскажеш како тоа сте ги терале луѓето да работат по 72 часа само зарди тоа што не гласале за вас. БРУКИ ЕДНИ!!!“

Би можело да ве интересира

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Поднесено обвинение против осомничените за фрлање бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски