(ВИДЕО) Биљали на трибина во Струмица: Писмото на Груевски до неговиот грчки колега е блеф

Од:

Во организација на младите социјалдемократи, вчера вечер во Струмица се одржа трибина на тема „Социјалдемократијата и процесот на евроинтеграција на Република Македонија“.

За патот на евроинтеграциите, за дебаклот со кој се соочи Македонија и иднината на интегрирањето во ЕУ, зборуваше познатиот политички аналитичар и афирматор на европските вредности, проф. д-р Мерсел Биљали.

На трибината присуствуваше и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

TRIBINA STRUMICA-10

Аналитичарот Биљали го оцени како блеф писмото на премиерот Груевски испратено до неговиот грчки колега.

– Се ми се чини дека тоа е блеф, затоа што кога тој би имал политичка волја не би чекал толку години, тој што создава политички проблеми тешко дека ги решава истите, значи да имаше добра политичка волја немаше да ги создаде.

TRIBINA STRUMICA-9

– Не е препознатливо дека тој што ги создава и ги решава проблемите, но сега тој е свесен дека е соочен со тотална блокада во однос на меѓународната заедница и таа блокада не е само политичка и дипломатска, туку наскоро ќе биде и финансиска, поради што ќе имаме проблеми со платите во јавниот сектор и со пензиите и тогаш ќе имаме огромно незадоволство кое ќе заврши лошо за режимот.

TRIBINA STRUMICA-7

– Мислам дека тој, тоа веќе го знае и таков чекор, според мое убедување јас сакам да не бидам во право, тој веројатно знаејќи дека наскоро почне да се подготвува извештајот на Европската комисија каде се е превртено наопаку и по оваа логика како што сега стојат работите ќе имаме најнегативен извештај што може најголемата фантазија да го претпостави.

– Тоа ќе беше крајот на режимот на Груевски и сега тој проба да игра во постојните услови. Јас да бев на неговото место, најверојатно би го решил прашањето така што би се поздравил со политиката, рече Биљали.

TRIBINA STRUMICA-4

Тој не очекува предвремени парламентарни избори, а за новиот претседател на СДСМ вели:

– Јас мислам дека Заев е едно ново лице кое е докажано дека има идеал, политичка волја и резултати и мислам дека тоа е вистинска среќа за една држава и за една нација да му се случи Заев.

TRIBINA STRUMICA-2

– Јас посакувам неговиот успех да биде и наш успех, успех на државата. Јас сум оптимист и мислам дека иднината ќе покаже дека ние не сме само пример за лоши работи, туку и за добри работи затоа што ние едно време бевме лидер во регионот во однос на евроинтегрирањето и демократските процеси, а сега за жал, пак сме лидер, но во спротивна насока, вели Биљали.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски