(ВИДЕО) Бесими: Очекуваме интензивирање на дијалогот за името

Од:

Вицепремиерот, задолжен за евринтеграции, Фатмит Бесили, во однос на прашањето за името, очекува интензивирање на дијалогот, со цел да може до јуни да се заокружи и да се покаже конкретен напредок во тој дел, затоа што тие се работи кои се ставени како заклучоци на декемврискиот извештај.

Бесими во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека очекува еден објективен извештај со нотирање на сите реформи и работи што се направени во овој период, од декемвриските заклучоци наваму и приоритетите што се дефинирани во високиот пристапен дијалог за членство на Македонија во Европската унија, како и тие теми кои беа во декемвриските заклучоци во Советот на Европа, како што се приоритетите на ХЛАД, добрососедските односи и прашањето за името.

Бесими е оптимист, бидејќи како што вели, Филе нотирал работи кои се направени во реформите во владеењето на правото, претходно во дијалогот со медиумите во однос на измените во законот, со препорака дека во законот за медиумите да има поголема инклузивност на медиумите, новинарите и повторно да се воспостави отворен дијалог со медиумите, потоа во делот на изборните реформи потсети дека препораките треба да се преземат

„Очекувам да се имплементира политичкиот дијалог, односно анкетната комисија да почне да функционира, договорот или дијалогот со медиумите и новинарите да се стави во подинамична фаза, меѓуетничките односи да се унапредат уште повеќе, да се инвестира во тој план, потоа делот што се однесува на добрососедските односи како и решавањето на отвореното прашање за името со Република Грција, да најде некој успешен завршеток во интерес на сите страни, со цел Македонија во овој период до јуни да може да покаже успех во процесот на интеграција во ЕУ и да може да добие датум за почеток на преговори.

– Значи сите овие работи треба да се случат во пакет со цел во јуни Македонија слободно да очекува датум за преговори“, вели Бесими

Бесими посочува дека е потребна работа, без да прејудицираме каков ќе биде извештајот или која ќе биде оценката за извештајот од Самитот во јуни на земјите членки, но до тогаш вели, ние ќе работиме за да тој биде позитивен.

„Тој оптимизам се однесува на нашата посветеност, на нашата работа секојдневно во овој процес, а прогнозите ќе ги оставиме после одржувањето на самитот односно на советот на ЕУ во јуни“, одговори Бесими.


Целото интервју можете да го прочитате и погледнете на ОВДЕ!

Би можело да ве интересира

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат