ВИДЕО: Беса и Алијанса за Албанците во вториот круг заедно ќе се борат за 12 градоначалници

Од:

Движењето Беса и Алијанса за Албанците се договорија меѓусебно да ги поддржат нивните кандидати за градоначалници во вториот круг од локалните избори. Алијанса за Албанците во вториот круг ќе добие поддршка од Беса за пет нивни кандидати, додека Беса ќе очекува поддршка од Алијанса за Албанците во седум општини, каде што имаат поголеми шанси за победа.

На новинарско прашање дали коалицијата Беса-Алијанса ќе коалицира во општинските совети со ВМРО-ДПМНЕ, партнерите оваа информација ја отфрлија како тотална дезинформација.

– Оваа коалиција ја правиме со цел да победи граѓанскиот концепт она што ние го нудиме на овие избори. Идејата за Коалиција на Беса со ВМРО-ДПМНЕ ја отфрлам како класична дезинформација. Да бевме со нив, со нив ќе седевме на маса, не со Алијанса, рече Африм Гаши од Беса.

Ељмир Азири од Алијанса за Албанците, се надоврза на Гаши и обвини дека ДУИ е единствениот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

– Знаеме кој е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво и се уште е и во Гостивар и во Тетово и во општините низ цела Македонија. Овие шпекулации одат од круговите кои имаат цел за прикривање на други настани на политичката сцена, додава Азири.

Инаку коментирајќи го изборниот резултат, Гаши од Беса рече дека партијата не се чувстува како губитник, бидејќи освоиле 61.000 гласови. На прашањето дека немаат освоено ниту една општина во првиот круг, тој рече дека не било благодарно било да се споредуваат резултати од локални и парламентарни избори.

Г.Д.М

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори