Амбасадорот на САД, Џес Бјели, на денешната конференција во Собранието за владеење на правото во земјите од Западен Балкан во присуство на европратениците, ја искритикува работата на Советот на јавни обвинители, за седницата на која се гласаше за избор на обвинители. Говорејќи за реформите во правосудството, Бејли рече дека со спорните одлуки на Советот на јавни обвинители, јавноста изгубила неколку грама доверба во правосудството. Тој наведе дека неколкумина новинари се охрабриле да ги објават текстовите за начинот на кој се одлучувало за изборот на обвинители.
„Во текот на годинава, стана збор за јавното обвинителство и Советот и еден од членовите учествуваше во донесувањето на таквата одлука и имаше случај каде што еден јавен обвинител, член на Советот гласаше за одлука на член на семејството на друг член на Советот и тука ми се чини дека станува збор за судир на интереси“, рече Бејли. „Храбрите медиуми и граѓанското општество исто така имаат важна улога во владеењрто на правото. Овие новинари ја бараат приказната, ја наоѓаат и ја обработуваат“, рече Бејли. Тој говореше дека е неопходно сите одлуки да се носат јавно и институциите од правосудството да бидат што потранспарентни и отворени за јавноста, изјави американскиот амбасадор во земјава.
Обвинителката Фиданка Рајевска гласала кога како точка на дневен ред бил изборот на нејзината колешка, Лидија Раичевиќ, која пак е обвинителка во предмет кој е индиректно поврзан со Рајевска како и во предметот „Банки“, во кој се вклучени неколку големи македонски банки со креирање фиктивни шеми на должничко-доверителски односи. Претходно медиумите објавија, дека претседателот на Советот гласал за да биде избрана неговата внука за обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција. За овие 2 предмети се заинтересира и Државната комисија за спречување на корупцијата.
В. М. / Г. Н. Р