Бејли со честитки за македонскиот Парламент по синоќешното гласање за уставни измени

Од:

По синоќешното гласање во македонскиот Парламент, каде со две третинско мнозинство беше поддржана иницијативата за почнување процес на измени на Уставот, како што налага Договорот од Преспа, со реакција се огласи и американскиот амбасадор Џес Бејли.

„Честитки за македонскиот Парламент за гласањето за иницирање уставни измени, согласно Преспанскиот договор. Пратениците од сите партии покажаа храброст и лидерство со тоа што се здружија за да помогнат да се обезбеди место на Македонија на Западот, во НАТО и во ЕУ”, напиша на Фејсбук американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка